Home Шоубизнис Ако Србија го победи Бразил, таа вети дека ќе трча гола

Ако Србија го победи Бразил, таа вети дека ќе трча гола

Во стилот на славните светски убавици кои на провокативен и еротски начин се обидуваат да ги мотивираат нивните репрезентации или омилени фудбалски клубови за победа и успех, и комшиката Јелена Карлеуша распали со жешко ветување како мотивација за најдобрите фудбалери на Србија пред одлучувачкиот меч за пласман во мундијалското осминафинале против фаворитот Бразил.

Сопругата на фудбалерот на Србија, Душко Тошиќ, популарната Јелена Карлеуша на социјалните мрежи со нова „гола мотивација“ повторно се обидува да ги мотивира колегите на нејзиниот сопруг.

Ексцентричната Карлеуша вети дека ќе трча гола ако Србија го победи Бразил, вечерва.

„Малку е познато дека во Москва не отпатував поради тоа што веќе не можам да го поднесам стресот. Ако го победат Бразил, се соблекувам гола и трчам до Русија, (добро летам)“, напиша популарната Џеј Кеј на социјалните мрежи.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Дру Баримор и Кристен Бел ја извадија надградбата на косата и ја избришаа шминката пред камерите

Во емисијата на Дру Баримор, водителката и Кристен Бел се појавија без шминка и без надгра…