Баерн се подготува за живот без Левандовски – веќе пронајде замена


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Роберт Левандовски јавно порача дека сака да го напушти Баерн Минхен ова лето, а „Билд“ пренесува дека Баварците веќе почнале да бараат негова замена.

Имено, актуелниот германски шампион покажува сериозен интерес за напаѓачот на Лајпциг и германски репрезентативец, Тимо Вернер и во него гледаат идеален наследник на Левандовски.

Меѓутоа, „Билд“ тврди дека овој трансфер воопшто нема да биде лесен, бидејќи Лајпциг за слободата на својата ѕвезда ќе бара 100 милиони евра.

Вернер оваа сезона одигра 45 натпревари и постигна 21 гол во сите натпреварувања, со што се избори за место во националниот тим. За Германија тој до сега има одиграно 13 меча на кои постигна 7 гола.

Самиот Вернер вчера изјави дека е спремен да го напушти Лајпциг, бидејќи сака да направи чекор напред во кариерата, а покрај Баерн за него интерес покажува и Ливерпул.