Home Наука и техонологија На продажба древниот грчки град, каде Македонскиот крал престојувал со својата војска – цената е 6,6 милиони евра!

На продажба древниот грчки град, каде Македонскиот крал престојувал со својата војска – цената е 6,6 милиони евра!

Древниот грчки град Баргилија на турската плажа на Егејското море се продава за 6,6 милиони евра, наведува британски „Телеграф“.

Некогаш под управа на Атина, Баргилија сега се продава поради потребата да се сочува нејзиното археолоѓко богатство.

Во британскиот музеј се наоѓаат 58 артефакти пронајдени во Баргилија.

Експертите сметаат дека градот е основан 200. години пред новата ера, кога македонскиот крал Филип V со својата војска на тоа место барал престој за време на Критската војна, наведува Телеграф.

Недалеку од Баргилија се наоѓа храмот на Артемида, а од древниот град денес останати се само рушевини.

Градот е понуден на продажба и во 2015. година, но тогаш не се продал.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Туморот престанал да се развива кај сите вакцинирани пациенти – BioNTech претстави лек против рак

Германската компанија Biontech (BioNTech) во моментов ги зголемува надежите во борбата про…