Home Шоубизнис СКАНДАЛОЗНО: Гостите од кралската венчавка, ги продаваат подароците на интернет мрежата

СКАНДАЛОЗНО: Гостите од кралската венчавка, ги продаваат подароците на интернет мрежата

Девет торбици со подароци кои биле поделени на венчавката на војводата и војвотката, Хари и Меган, се нудат на продажба на аукцискиот сајт „Ибеј“. На некои од аукциите достигнаа и до 1.100 евра, пренесува Би-Би-Си.

Торбичките се подарувани на сите гости пред капелата, кои беа повикани на венчавката во замокот Виндсдор – односно 2.640 луѓе.

Некои од работите кои се наоѓаа во торбичките беа шишиња со вода, чоколадца, магнет за фрижидер, беџ и ваучер за продавницата со подароци во замокот.

Шестотини гости кои се наоѓаа во капелата, вклучувајќи ги славните личности како Дејвид и Викторија Бекам, Опра Винфри и Џорџ и Амал Клуни, кои не добија од овие торбички.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Кара Делевињ откри како Тејлор Свифт ја поканила во спотот за „Patient Zero“

Кара Делевињ раскажа како добила покана од долгогодишната пријателка Тејлор Свифт да се по…