Home Шоубизнис Вака изгледа стриптиз настапот на моментално најпознатата порно актерка

Вака изгледа стриптиз настапот на моментално најпознатата порно актерка

Облечена во тесна пожарникарска облека и со шлем на главата, под неонските зелени и црвени светла на клубот Penthouse во Филаделфија, моментално најпопуларната порно актерка на светот, Сторми Даниелс, со која во порно афера се поврзува актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп, ја започнува својата стриптиз точка која ја изведува на песната од Talking Heads, Burning Down the House.

Откако американските медиуми открија дека адвокатот на Трамп ја исплатил Сторми Даниелс со 130.000 долари за да не открива детали за нејзината наводна секс афера со Доналд за време на претседателската кампања во САД, Стефани Клифорд (вистинското име на Сторми) стекна моќ медиумски да „запали“ една друга, во светски рамки многу побитна куќа – онаа, Белата.

„Навистина го заслужи сето тоа“, вели посетителот на стриптиз клубот, 58-годишниот Хауард, кој не сакаше да си го открие презимето. Така тој го објаснува фактот што за време на нејзиниот стриптиз настап ја китеше со долари на нејзините танга гаќички и на крајот го нурна своето лице во нејзините бујни гради.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …