Home Актуелно Сончев и топол првомајски ден

Сончев и топол првомајски ден

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, информираат од управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува и слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се движи од шест до 13, а дневната од 21 до 31 степен Целзиусов.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе се искачи до 29 степени.

Во наредните два дена времето ќе биде стабилно и топло, само во планинските предели ќе има услови за краткотраен дожд. Утре ќе дува умерен, а во четврток и засилен југоисточен ветер. Од четврток следува период на променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат поројни проследени со грмежи. Повеќе врнежи се очекуваат во четврток и во сабота, особено во западните делови од државата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…