Home Актуелно Алаѓозовски на увид кај слоновските остатоци во Долни Дисан

Алаѓозовски на увид кај слоновските остатоци во Долни Дисан

Министерот за култура Роберт Алаѓозовски беше во посети и се фотографираше со фосилните остатоци од изумрен вид на слонови кои беа пронајдени во локалитетот кај Долни Дисан, неготинско.

Заедно со градоначалникот на Неготино, Тони Делков, тој упати честитки до истражувачките екипи од нашиот музеј и нивните колеги од Софија, соседна Бугарија за откритието кое е од големо научно значење.

Палонтолошки екипи од Природонаучниот музеј на Македонија и Природонаучниот музеј од Софија од дваесетти април годинава започнале со ископување фосилни остатоци од изумрениот вид на слон (Choerolophodon pantelici). Овој животниски вид живеел на тревести живеалишта, слични на саваните и се смета дека е постар од мамутите.

Извор: Фокус

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…