Home Актуелно МВР продолжува со засилени контроли – ноќеска 232 возачи возеле под дејство на алкохол

МВР продолжува со засилени контроли – ноќеска 232 возачи возеле под дејство на алкохол

Министерството за внатрешни работи продолжи со засилените сообраќајни контроли на подрачјето на Скопје во насока на доследно почитување на сообраќајните правила и прописи од страна на сите учесници во сообраќајот. Така и синоќа, во периодот од 23,00 до 05,00 часот утров биле извршени контроли на 1.101 возачи, пренесува „Макфакс“.

Притоа, кај 232 возачи е детектирано присуство на алкохол во крвта, додека пак дополнително за 202 возачи констатирани биле прекршоци по основ на сообраќајната регулатива.

Како што МВР претходно ја информираше јавноста во текот на вчерашните акциски контроли на подрачјето на главниот град, за истиот временски период вкупно беа контролирани 1234 возачи, 726 возачи се алкотестирани и кај 248 од нив беше утврдено присуство на алкохол во крвта над дозволеното количество. Исто така, беа констатирани и други 252 сообраќајни прекршоци

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…