Home Актуелно Владата допрва ќе одлучува дали Орце Камчев ќе стане почесен конзул на Бугарија

Владата допрва ќе одлучува дали Орце Камчев ќе стане почесен конзул на Бугарија

Владата допрва ќе одлучува за барањето на Бугарија бизнисменот Орце Камчев да биде именуван за почесен конзул во Македонија.

Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, потврди дека вчера до македонското Министерство за надворешни работи од бугарската амбасада е пристигнато такво барање.

„Во согласност со законските процедури, Владата допрва ќе се произнесе по нивното барање. Сè дотогаш не би можел да дадам конкретни податоци. Следува вообичана постапка и кога ќе има одлука, ќе информираме соодветно“, рече Бошњаковски.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…