Home Актуелно Нови осум сведочења за набавка на фамозниот Мерцедес во ново рочиште за „Тенк“

Нови осум сведочења за набавка на фамозниот Мерцедес во ново рочиште за „Тенк“

Со нови осум сведочења, денес во Кривичен продолжува судењето за предметот на СЈО „Тенк“ поврзан со набаваката на фамозниот Мерцедес по нарачка на бившиот премиер Никола Груевски, кој е еден од првообвинетите.

За „Тенк“ на денешното рочиште искази треба да дадат осум сведоци.

На претходното рочиште беа сослушани тројца сведоци и почна изведувањето на доказите.

Во случајот „Танк“, за набавката на луксузниот „мерцедес“ вреден 600 илјади евра обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…