Home Актуелно Безусловен почеток на преговорите за влез во ЕУ – Хан денес со извештајот во Скопје

Безусловен почеток на преговорите за влез во ЕУ – Хан денес со извештајот во Скопје

Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан денеска во Скопје ќе оствари средби со владини и политички претставници на кои ќе им го предаде Извештајот за напредокот на Македонија.

Досега тоа вообичаено го правеше амбасадорот на ЕУ во Македонија. Европската комисија во најновиот извештај препорачува безусловен почеток на преговорите за влез на Македонија во ЕУ.

Попладне во Скопје ќе допатува и високата европска претставничка, Федерика Могерини, која освен средбите со политичкиот врв на земјата, утре ќе се обрати пред пратениците во македонскиот Парламент.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…