Home Спорт ШОК за Гвардиола: Манчестер Сити добива забрана за трансфери!?

ШОК за Гвардиола: Манчестер Сити добива забрана за трансфери!?

Новиот англиски шампион Манчестер Сити се соочува со реална можност да биде санкциониран со забрана за привлекување нови фудбалери во следните два трансфер периоди!

Причина за тоа е трансферот на талентираниот Бенџамин Гаре од Велез Сарсфилд. Аргентинецот беше донесен на „Етихад“ следниот ден откако наполни 16 години, но Велез обвинува дека фудбалерот им бил „украден“.

Целиот случај дојде до Судот за спортска арбитража (ТАС), кој треба да донесе конечна одлука во следните седум дена. Ако ТАС досуди во полза на аргентинскиот клуб, Сити сигурно ќе биде санкционоран.

Велез инсистира дека правилата на ФИФА кои дозволуваат играчи помлади од 18 години да ја променат средината се однесуваат само на преселба од еден клуб од Европа во друг клуб од стариот континент. Исто така, тие се жалат дека Манчестер Сити неетички започнал преговори со Бенџамин Гаре уште кога тој имал 15 години.

Слични санкции изминатите години добиваа и шпанските гиганти Реал Мадрид, Барселона и Атлетико Мадрид.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…