Home Шоубизнис Сите се сомнителни: Секој од гостите на нивната свадба е потенцијален терорист

Сите се сомнителни: Секој од гостите на нивната свадба е потенцијален терорист

Кога на еден релативно потесен простор ќе ви се соберат 100.000, логично е дека степенот на претпазливост ќе биде кренат на максимално ниво. Особено кога станува збор за настан од елитни размери.

Таков ќе биде случајот и со свадбата на принцот Хари и Меган Маркл, на која британската полиција секој од гостите ќе го третира како потенцијален терорист или лице кое кралското семејство го доживува опсесивно.

Меѓу мерките кои ќе бидат преземени се бариерите за сопирање на нападите со автомобил, вооружени патроли и безбедност каква што се спроведува на аеродромите.

„Тоа е вистински предизвик”, изјавил Боб Бродхурст, поранешен полицаец, кој бил задолжен за безбедноста на свадбата на постариот брат на Хари, Вилијам.

„Невозможно е да се претресат 10.000 луѓе, кои сакаат да бидат на улиците, било кој од нив би можел да биде потенцијален терорист”, рекол тој.

Хари и Меган ќе се венчаат на 19. мај во замокот Виндзор, на околу 30 километри западно од Лондон.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …