Home Актуелно МВР приведе четири лица за вооружениот инцидент во Мала Речица

МВР приведе четири лица за вооружениот инцидент во Мала Речица

Досега четири лице се приведени од страна на полициските органи во врска со учествувото во престрелката што се случи вчера во тетовското село Мала Речица при која загина едно лице.

Во вооружениот инцидентубиен е Неип Реџепи од огранокот на ДУИ во Куманово. Меѓу повредените лица, според очевидци, е и неговиот брат, Сабри Реџепи кој наводно, се здобил со лесна повреда на ногата.

Причините за престрелката во моментов се непознати, а се очекува денеска МВР на прес-конференција да соопшти повеќе детали во врска со случајот. Демократската унија за интеграција (ДУИ) во соопштение до медиумите ги демантираше информациите дека во седиштето во Мала Речица имало пресметка или инцидент.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…