Home Спорт Сега и официјално: Гатузо го води Милан до 2021 година!

Сега и официјално: Гатузо го води Милан до 2021 година!

Тоа што се најавуваше изминатите денови денес доби и официјална потврда – Џенаро Гатузо ќе го води Милан до 2021 година.

Гатузо денес и официјално стави потпис на нов договор до 2021 година, според кој ќе заработува 2 милиони евра по сезона.

Легендата на „росонерите“ седна на кормилото во ноември, после отказот на Монтела, и покажа одлични резултати со тимот, па го убеди раководството да му понуди долгорочен договор.

„Гатузо во изминатите месеци заврши неверојатна работа и покажа дека е голем тренер. Рино сигурно ќе остане на клупата во следните три години, а се надеваме и многу подолго. Со него сакаме да започнеме нов победнички циклус“, изјави директорот Марко Фасоне.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…