Home Спорт Емре Чан конечно донесе одлука за својата иднина

Емре Чан конечно донесе одлука за својата иднина

Играчот за врска на Ливерпул и германски репрезентативец, Емре Чан одлучи да ја продолжи својата фудбалска кариера во италијанскиот шампион Јувентус.

Ова го потврди неговиот репрезентативен колега и член на Јувентус, Сами Кедира кој ја открил информацијата пред германските медиуми.

Чан одлучи да не го продолжува договорот со Ливерпул и на лето ќе ја промени средината како слободен агент. За него интерес покажуваа многу европски гиганти, но Јувентус ја победи конкуренцијата.

„Старата дама“ уште минатото лето се интересираше за неговиот потпис, но тогаш Ливерпул ги одби сите понуди.

Наводно договорот помеѓу Чан и Јувентус ќе биде официјализиран веднаш по завршувањето на сезоната.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…