Home Актуелно Оставка на косовскиот министер за внатрешни поради тајно апсење и депортација

Оставка на косовскиот министер за внатрешни поради тајно апсење и депортација

Фламур Сефај и официјално си поднесе оставка од функцијата Министеро за внатрешни работи на Косово, информирајќи го косовскиот премиер Рамуш Харадинај за сите детали околу неговата вмешаност во апењето и депортацијата на шесте турски државјани.

Косовскиот премиер побара разрешување на Сефај и директорот на Косовската разузнавачка служба, Дритон Гаши, поради нивната вмешаност во тајното апсење и депортацијата на шест турски граѓани во Косово, припадници на движењето ФАТО, предводено од верскиот водач во егзил Фетулах Ѓулен.

Истовремено, медиумите во Приштина објавија дека косовскиот претседател, Хашим Тачи, е против разрешувањето на Гуши, а без негов потпис, таква одлука не може да стапи на сила.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…