Home Актуелно Во подметнат пожар запален џипот на бившиот директор на БЈБ Љупчо Тодоровски-Радникот

Во подметнат пожар запален џипот на бившиот директор на БЈБ Љупчо Тодоровски-Радникот

Во текот на вчерашниот ден, во скопски Аеродром, поточно пред трговскиот центар Три Бисери, беше опожарен џип од марката „Нисан Навара“ во сопственост на бившиот директор на Бирото за јавна безбедност, Љупчо Тодоровски-Радникот.

Полицијата сѐ уште истражува кој го запалил џипот на поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност Љупчо Тодоровски.

Противпожарната служба брзо интервенирала и го изгаснала пожарот на паркингот пред трговскиот центар.

Тодоровски беше седум години директор во македонската полиција, во периодот кога министерка беше Гордана Јанкуловска. Во мај 2013-та Тодоровски замина во пензија, а денес тој работи како доцент на Факултетот за безбедност.

Полицијата соопшти дека вчера биле запалени уште две паркирани возила. Бројот на подметнати пожари на возила е во пораст.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…