Home Спорт Италијанците откриваат: Алегри преговара со ПСЖ, Јувентус добива нов тренер?

Италијанците откриваат: Алегри преговара со ПСЖ, Јувентус добива нов тренер?

Макс Алегри вчера беше прогласен за најдобар тренер во Серија А, но на крајот на сезоната најверојатно ќе го напушти Јувентус.

Имено, Рафаеле Аурема, познат италијански новинар открива дека Алегри е во напредни преговори со ПСЖ.

Аурема тврди дека Алегри и Јувентус сигурно ќе се разделат на крајот на сезоната и покрај фактот што двете страни имаат договор до 2020 година.

Менаџерот на Алегри, Алесандро Моџи наводно веќе ги договара последните детали со раководството на ПСЖ, кое на Италијанецот му нуди скоро двојно поголема плата.

Италијанските медиуми веќе почнаа да шпекулираа со тоа кој ќе го наследи Алегри на клупата во Јувентус. Еден од кандидатите е Симоне Инзаги, кој ги покажа своите квалитети на кормилото на Лацио.

Втората варијанта е Маурицио Сари, кој важи за еден од најдобрите италијански тренери, а се уште го нема продолжено договорот со Наполи.

Сепак, треба да се почека до крајот на сезоната, бидејќи од Јувентус тврдат дека Алегри сигурн ќе остане и следната сезона.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…