Home Актуелно Нова експлозија на бомба во Тексас – едно лице повредено

Нова експлозија на бомба во Тексас – едно лице повредено

Еден од вработените во доставувачката компанија „Федекс“ е повреден изутринава, при експлозија на пакет-бомба пред филијалата на компанијата во градот Шерц, во близина на Сан Антонио во американската сојузна држава Тексас.

Претставник на локалната полиција соопшти дека пакетот, кој покрај експлозивната направа содржел и шајки и шрапнели, експлодирал нешто по полноќ по локално време (7 часот по средноевропско време).

Денешната е петта експлозија на пакет-бомба во Тексас овој месец. Во претходните експлозии загинаа 39-годишен градежен работник и 17-годишен студент, а четири лица беа повредени.

Пакетите не беа доставувани по пошта или преку приватни курири, туку во текот на ноќта биле оставени на куќниот праг на жртвите.

Властите засега немаат сознанија кој стои зад пакет-бомбите.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…