Home Актуелно Денес до 20 степени, од утре дожд и намалување на температурите

Денес до 20 степени, од утре дожд и намалување на температурите

Речиси во целата територија на Македонија, денеска времето ќе биде претежно сончево и топло и ќе продолжи забрзаното топење на снежната покривка. Се очекува да дува слаб до умерен југозападен ветер. Максималната температура ќе се движи од 16 до 22 степени.

Во Скопје, сончево со мала облчност и со слаб до умерен јужен ветер. Максималната температура ќе достигне до 20 степени.

Во наредните денови се очекува промена со наоблачување и врнежи од дожд. Така, утре во попладневните часови најпрвин во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. Локално ќе има услови за појава на грмежи проследени со краткотраен пороен дожд. Ќе дува умерен, на места засилен јужен ветер. Потоа во наредните два дена ќе има слаб локален дожд, а дневните температури ќе опаднат за неколку степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…