Home Спорт Барса не е сигурна: Постојат „лудаци“ кои можат да ја платат клаузулата на Меси!

Барса не е сигурна: Постојат „лудаци“ кои можат да ја платат клаузулата на Меси!

Барселона неодамна го продолжи договорот со Лео Меси и поучена од „случајот Нејмар“, во договорот на Аргентинецот стави астрономска откупна клаузула.

Клаузулата на Лео Меси во новиот договор изнесува 700 милиони евра, но Каталонците сметаат дека таа сума не го прави Аргентинецот недопирлив за апсолутно сите клубови во светот.

„Сите се луди“, изјави Панчо Шредер, шеф за финансии и стратегија во каталонскиот клуб.

„Ние ставивме клаузула за Меси, мислејќи дека е доволно да го задржиме во Барселона засекогаш. Пред една година мислевме дека клаузулата на Нејмар е доволна. Гледајќи во блиска иднина, мислам дека ќе биде тешко некој да плати за клаузулата на Меси. Сепак, немам кристална топка за да предвидам, но гледате дека сите се луди“, рече Шредер.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…