Home Вебкафе Дали кинеската вселенска станица „Тиангонг-1“ ќе падне на Балканот?

Дали кинеската вселенска станица „Тиангонг-1“ ќе падне на Балканот?

8 и пол тони тешката кинеска вселенска станица „Тиангонг-1“ со забрзан и неконтролиран пад се движи кон Земјата, каде се очекува да падне помеѓу 24 март и 19 април, соопштија од Европската вселенска станица.

Оваа станица во вселената е исратена во 2011 година. Станицата е користена за мисии со екипаж и без, а во историјата влезе како првата вселенска мисија на жена астронаут од Кина.

Владата во Пекинг минатата година соопшти дека комуникацијата со станицата е изгубена, а со тоа и контролата врз неа. Поради тоа, таа ќе се сруши на Земјата, а во минатите недели започна да влегува во погустите делови на земјината атмосфера, поради што нејзниот пад забрза.

Според пресметките, поголемиот дел од станицата ќе согори во атмосферата, но сепак делови, тешки и до 100 килограми се очекува да паднат на Земјата. Калкулациите покажуваат дека таа ќе падне во Европа, а според една пресметка тоа ќе биде на Балканот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

10 работи што само љубителите на црвено вино ќе ги разберат

10 работи што само љубителите на црвено вино ќе ги разберат Со доаѓањето на топлите летни …