Home Актуелно Некогашниот вицепремиер Пешевски: Денес сум невработен

Некогашниот вицепремиер Пешевски: Денес сум невработен

Бившиот вицепремиер за економски прашања во претходната влада на чело со ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Пешевски, денеска пред судечкиот совет во Кривичниот суд се изјасни дека е невработен, пренесува Фокус.

Пешевски е обвинет во случајот „Тракторија“ на Специјалното јавно обвинителство. Тој рече дека се уште зема апанажа од државата како поранешен владин функционер.

Поранешните владини функционери имаат право на апанажа една година по завршување на нивната функција, а во износ од висината на платата.

На почетокот од денешното судење, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, рече дека е вработен како раководител во „Пелистерка“. Поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски, рече дека е невработен, а поранешниот премеир, Никола Груевски, рече дека е пратеник во Собранието.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…