Home Живот и здравје Супер рецепт: Свински бут зачинет со бел лук и суви сливи!

Супер рецепт: Свински бут зачинет со бел лук и суви сливи!

Рерната на умерена температура и малку трпение додека месето да се испече се гаранција дека ќ имате прекрасен оброк.

Состојки:

1 кг свински бут без коска
150 гр суви сливи без коска
200 гр сланина
3 главици бел лук
5 лажици сенф
3 лажици мед
Кеса зачин за свинско печење
4 поголеми компири
4 моркови средна големина

Припрема:

Излупете го белиот лук, но не сечете го. Сланината исечете ја на танки ленти. Свинскиот бут маринирајте го 4 до 5 часа во зачин мешавината за печење. Маринираниот бут избушете го на 15 места. Во секоја дупка ставете чешне бел лук, сува слика и исчена сланина се додека не го исполнете.

Измешајте го медот и сенфот во помала чинија, па со таа смеса премачкајте го целиот бут. Загрејте ја рерната на 22 степени и печете го бутот пола час до 40 мин, а тогаш намалете ја температурата на 180 степени и печете уште 1.5 до 2 часа. Во плехот со месо можете да ги печете и компирите и морковите.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Што се случува со крвниот притисок ако секој ден пиете сок од портокал?

Што се случува со притисокот ако секој ден пиете сок од портокал? Крвниот притисок зависи …