Home Вебкафе Милионер глуми бездомник за ја тестира реакција на луѓето во ресторанот! (видео)

Милионер глуми бездомник за ја тестира реакција на луѓето во ресторанот! (видео)

Милионер се облекол како бездомник за да ја сними реакцијата на лицата во ресторанот.

Јутјуб ѕвездата, 23 годишниот Коби Персин од Њујорк, ги тестираше лицата во ресторан  во Флорида да виде како ќе реагираат на нечиј изглед.

На почеток од снимката Коби оди до келнерот и го прашува дали има слободна маса за него, но келнерот му вели дека тоа место за него е „малку прескапо“.

„Не можеме вас да ве послужиме. Жал ми е поради тоа“ му рече келнерот, но Коби беше упорен. Сепак, келнерот му порача да оди да јаде во Мекдоналдс.

После тоа Коби се оддалечи и го повика возачок, кој пред ресторанот донесе автомобил Ролс Ројс со куфер полн пари. „Ти реков дека имам пари. Тоа што е лудо е начинот на кој ги судиме луѓето само според изгледот. Можам да го купам ова место само за да те отпуштам, но имаш среќа“ му порача Коби.

Како и обично кога се вакви снимки во прашање, некои се сомнуваат дека е местенка, но дури и во тој случај, се откриваат некои интересни работи за тоа како ги гледаме луѓето во друштвото.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Како би изгледало ако жените имаа (перверзни) фори за мување?

Навикнати сме мажите да имаат смешни и понекогаш излитени фори за мување девојки, но како …