Home Шоубизнис Џенифер Лоренс на едногодишна пауза од снимање филмови

Џенифер Лоренс на едногодишна пауза од снимање филмови

Џенифер Лоренс ќе направи едногодишна пауза од снимање филмови за да се посвети на својата нова цел, да ги вклучи младите луѓе во политиката.

Актерката сака да ја фокусира целата своја енергија за работа со добротворната организација „Represent.Us“, која им помага на младите да се запознаат со локалните политички проблеми и да земаат учество во нивно решавање. „Оваа организација помага за борбата против корупцијата и за усвојувањето на закони, кои ќе ја спречат, и ќе ја подобрат нашата демократија“, изјавува таа.

Во борба против корупцијата

Лоренс никогаш не била рамнодушна кон политиката. Во јануари зеде учество во „Women’s March“ каде од говорницата повика за заштита на правата на жените и за еднаква плата. Пред тоа зборуваше пред група студенти на Универзитетот во Кливленд, за тоа колку е важно да земаат став за политички прашања и да бидат заинтересирани за добротворни цели.

„Мојата политичка страст стана речиси опсесивна. Не верувам дека има некој кој е целосно задоволен со својот живот, но во моментот кога ќе го средите вашиот дом и вашиот личен живот, погледнете го светот околу вас и помислите – како да го поправам. Што можам да направам?“, објаснува Лоренс.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …