Home Наука и техонологија Мистериозно езеро кое ги убива сите што нуркаат во него (видео)

Мистериозно езеро кое ги убива сите што нуркаат во него (видео)

Во Мексикански Залив недалеку од брегот на ЊуОрлеанс, на еден километар под површината се наоѓа езеро.

Таинственото езеро е познато како „џакузи на очајот“, затоа што ги убива сите живи суштества кои ќе нурнат во него. Водата во ова езеро е 5 пати посолена од морската вода, а содржи и виска концентрација на метан поради што не се меша со морската вода која го опкружува.

Таквата концентрација на елементи е смртоносна за луѓето и животните, а во такви услови преживуваат само бактериите, скампите и црвите.

„Ова е една од неверојатните работи кои може да се пронајдат во морските длабочини. На дното на океанот гледате езеро и река која тече. Добивате чувство дека сте во некој друг свет“, вели Ерик Кодс.

Размерот на езерото е околу 30 метри, а длабоко е 3,5 метри.

Тим од истражувачи предводени од Кодс зеле примероци од живи суштества кои се прилагодиле да живеат со толкава концетрација на сол и многу малку кислород.

„Овие суштества можеби се многу слични со оние кои ќе ги најдеме на другите планети“, објаснува тој.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Туморот престанал да се развива кај сите вакцинирани пациенти – BioNTech претстави лек против рак

Германската компанија Biontech (BioNTech) во моментов ги зголемува надежите во борбата про…