Home Вебкафе Задолжително место во машките јавни тоалети за преслекување на бебиња!

Задолжително место во машките јавни тоалети за преслекување на бебиња!

Градоначалникот на Њујорк Бил де Бласи донесе одлука за задолжително поставување столчина за преслекување на деца во сите јавни тоалети, вклучувајќи и машки во новата година.

„Многу често татковците се исклучени од вакви работи, а тоа треба да се промени“ рече градоначалникот.

Најзаслужен за овој закон е членот на градскиот совет, Рафаел Еспинал кој се уште не е татко, но кога бил во еден трговски центар видел како еден татко го преслекува своето дете на умивалникот.

„Беше страшно да се види како таткото му сменува пелени на детето над умивалникот на кој претходно се миеле рацете од користењето на тоалетот“ вели Еспинал.

Законските одреби ги вклучуваат кината, рестораните, трговските центри и кафичите.

Еспинал се надева дека после стапувањето на новиот закон на сила и останатите американски градови ќе го следат примерот на Њујорк.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…