Home Актуелно Столтенберг од НАТО денес и утре во официјална посета на Македонија

Столтенберг од НАТО денес и утре во официјална посета на Македонија

Генералниот секретар на НАТО алијансата, Јенс Столтенберг, денес и утре ќе оствари официјална посета на Македонија, при која ќе се сретне со првите луѓе од политичкиот врв на нашата држава.

Се очекува да се сретне со претседателот Ѓорге Иванов, со премиерот Зоран Заев, со министрите за надворешни работи и за одбрана Никола Димитров и Радмила Шекеринска, како и со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Столтенберг утре напладне ќе се обрати и пред пратениците во Собранието. Во салата ќе бидат и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, кои веќе речиси еден месец ја бојкотираат работата на законодавниот дом. Одлуката била донесена завчера на седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, за партијата да покаже дека е определена за членство на Македонија во НАТО и ЕУ.

Националниот кординатор на Македонија во НАТО Стево Пендаровски, вчеравечер во емисија на ТВ 24 рече изјави дека генералниот секретар на НАТО во земјава доаѓа во момент кога Македонија се наоѓа на важна крстосница и со тоа сака да даде поттик.

– Генералниот секретар на НАТО доаѓа да ни даде поттик, во период кога Македонија како држава се наоѓа на раскрсница и политички и безбедносно, во момент кога ги интензивираме преговорите за името со Грција, но и бидејќи Македонија е најстара земја-кандидат за влез во Алијансата – изјави Пендаровски.

Прашан дали е Македонија ќе влезе во НАТО на Самитот во јули годинава, Пендаровски рече дека Македонија ќе направи се што е во нејзина моќ да го оствари тоа, но и дека сепак сè е во рацете на Грција.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…