Home Спорт Барса потврди, Кутињо е повреден – еве кога ќе дебитира!

Барса потврди, Кутињо е повреден – еве кога ќе дебитира!

Барселона денес и официјално ќе го претстави своето најново, но и најскапо засилување Филипе Кутињо.

Бразилецот утринава го помина медицинските прегледи, а попладнево се очекува да стави потпис на договорот и официјално да биде преставен на „Камп Ноу“.

Во меѓувреме каталонскиот клуб официјално потврди дека за време на прегледите на Кутињо му била дијагностицирана повреда на десниот бутен мускул.

Поради тоа Бразилецот ќе паузира околу 3 недели, а неговото официјално деби се очекува да биде за 20-ина дена.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…