Home Актуелно Преполовени нивоата на Црна Река, Сатеска и Вардар

Преполовени нивоата на Црна Река, Сатеска и Вардар

Двојно пониски се нивоата на Вардар кај Јегуновце, Сатеска кај Ботун и Црна Река кај Новаци во однос на просекот за декември, покажуваат денешните хидролошки мерења.

Намалени се и водостоите на вардар кај Скопје (Зајчев Рид) и кај Демир Капија, Треска кај Македонски Брод, Пчиња кај Катлановска Бања и Крива Река кај Крива Паланка.

Повисоки вредности од просекот се измерени на Вардар кај Велес, Брегалница кај Берово и Црн Дрим кај Ложани.

Нивоата на Охридското, Преспанското и Дојранското езеро се во рамки на просекот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…