Home Шоубизнис Видео: Почина ‘таткото’ на Душко долгоушко

Видео: Почина ‘таткото’ на Душко долгоушко

Боб Гивенс, автор на цртаниот филм „Душко долгоушко“ почина на 99 години.

Американскиот аниматор, чија долга и богата кариера исполнета со соработка со компании како што се Волт Дизни, Ворнер Брос и Хана-Барбера, почина од природна смрт на 14-ти декември во болницата Сен Џозеф во Бурбанк, пренесуваат американските медиуми.

Гивенс, кој учествувал во креирање на легендарните ликови Душко Долгоушко и несреќниот ловец Елмер Фад, починал од акутна респираторна инсуфициенција. Информацијата ја соопштила неговата ќерка Маријана Гивенс.

Боб почнал да работи за „Волт Дизни“ веднаш штом завршил средно училиште, а подоцна се придружил на „Ворнер брос“, како и на „Хана-Барбера“. Неговата верзија на Душко Долгоушко дебитира во 1940 година.

Меѓу цртаните филмови на кои има работено на илустрирање на сцената во 60-годишната кариера се и „Том и Џери“ и „Попај“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Кристи Ноем поднесе барање за развод од сопругот Бајрон Ноем по скандалот со „бимбо“

Кристи Ноем поднесе барање за развод од сопругот Бајрон Ноем по 34 години брак и по јавнио…