Home Актуелно Град Скопје со нова мерка за намалување на загадувањето на воздухот

Град Скопје со нова мерка за намалување на загадувањето на воздухот

Советот на град Скопје на вчерашната седница како една од мерките за намалување на загадувањето ја усови одлуката со која се забранува доставување на стока во периодот од 7:30 наутро до 18 часот од 1 декември до 31 март, односно истата ќе се врши во периодот од 18 до 7:30 часот, со запирање и паркирање не подолго од 15 минути.

Оваа одлука е со цел намалување на загадувањето на подрачјето на Град Скопје, што е предвидено и со „Препораките на Интервентната акциска група за итните мерки против загадувањето на воздухот“ од 15.12.2017 од страна на Владата на Република Македонија.

Намалувањето на движењето на возилата кои вршат доставување на стока ќе придонесе и за намалување на загаденоста во воздухот, истакнуваат од Градот.

Град Скопје ги информира сите засегнати страни дека Секторот за сообраќај ќе изврши усогласување на издадените одобренија – повлекување и издавање на нови одобренија во согласност со одредбите од одлуката.

Оваа одлука влегува во сила од денот на објавувањето во „Службен гласник на Град Скопје“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…