Home Шоубизнис Канадскиот милијардер и фармацевтски могул со неговата сопруга пронајдени мртви

Канадскиот милијардер и фармацевтски могул со неговата сопруга пронајдени мртви

Канадскиот милијардер и могул од фармацевтската индустрија, Бери Шерман, кој беше основач и претседател на фармацевтскиот гигант Апотекс, со неговата сопруга беа пронајдени мртви во нивниот дом во Торонто. Околности под кои се случила нивната смрт полицијата ги опиша како „сомнителни“, јави Би-би-си.

Телата на Бери Шерман и неговата сопруга Хани беа пронајдени во подрумот на луксузниот дом, што парот неодамна го понуди на продажба. Тие беа пронајдени од агентот за недвижнини кој требало да ја покаже куќата на заинтересираните купувачи.

Шерман беше основач и претседател на фармацевтскиот гигант Апотекс. Тој беше филантроп и еден од најбогатите луѓе во Канада. Полицијата не даде детали за случајот и не го потврди идентитетот на брачниот пар.

Дека починатите се Бери и Хани Шерман кажаа пријателите на семејството и локалните власти. Двојката имала четири деца.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Мажот што барал автограм од Хари Стајлс ја презеде вината за расправијата во Њујорк

По расправијата со Хари Стајлс на улица во Њујорк, мажот што го следел барајќи автограм се…