Home Спорт Роналдо нареди: Најголемото засилување на Милан пристигнува во Реал

Роналдо нареди: Најголемото засилување на Милан пристигнува во Реал

Познато е дека Кристиано Роналдо е миленик на претседателот Флорентино Перез, а шпанските медиуми тврдат дека Португалецот му сугерирал да го ангажира дефанзивецот на Милан, Леонардо Бонучи.

Роналдо наводно смета дека на тој начин Реал конечно ќе успее да ја стабилизира одбраната која оваа сезона не е сигурна.

Реал Мадрид оваа сезона не игра според очекувањата и заостанува 8 бода зад лидерот Барселона, а Португалецот смета дека главен виновник за тоа е славата одбрана.

Дали Перез уште во јанури ќе му ја исполни желбата на Роналдо, останува да видиме, но сигурно дека играч како Бонучи значително ќе го засили тимот на „кралевите“. Притоа, италијанскиот дефанзивец може да настапува во Лигата на шампиони.

Бонучи ова лето пристигна во Милан во шокантен трансфер од Јувентус, но оваа сезона се вклопи во „сивилото“ на „росонерите“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…