Home Спорт Мундијал 2018: Во првите 24 часа преку 1,3 милиони барања за влезници!

Мундијал 2018: Во првите 24 часа преку 1,3 милиони барања за влезници!

Откако минатата седмица се одржа ждребот за Светското превенство во Русија, а вчера започна вториот круг на продажба на влезниците, навивачите од целиот свет упатиле 1.318.109 барања за влезници.

Вториот круг на продажба ќе трае до 31-ви јануари 2018 година.
Ако до тој датум побарувачката го надмине бројот на влезници, ФИФА по пат на ждрепка ќе ги избере пријаевните кандидати кои ќе имаат право да купат влезници. Редоследот на пријавување нема да има влијание врз одредуваењето на право за купување.

Моментално, најмногу влезници доаѓаат од Русија додека од другите земји доаѓаат 34% од барањата. Навивачите од Аргентина, Мексико, САД, Колумбија, Бразил, Марко, Египет, Кина и Полска до сега поднеле најмногу барања.

ФИФА извести дека во првиот круг, кој заврши во ноември, биле продадени 742.760 влезници. И тогаш најмногу барања имаше од Русија. Цените за Русија се 22 долари, додека за останатите земји 105 долари,

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…