Home Актуелно Продолжува процесот: Груевски денес пред суд за насилството во Центар

Продолжува процесот: Груевски денес пред суд за насилството во Центар

Во Основниот суд Скопје 1 за денес е закажано продолжението за судскиот процес на насилството во општина Центар во кој првообвинет е поранешниот премиер Никола Груевски. Тој вчера повика на протест за приведувањето на 36-те лица, меѓу кои и пратеници за насилството од 27-ми април во Собранието на Република Македонија, а потоа им се приклучи на демонстрантите пред Основниот суд Скопје 1.

Во текот на судската постапка за насилството во општина Центар обвинетиот Груевски и неговите сопартијци, обвинети во овој предмет, се изјаснија дека не се чувствуваат виновни за насилството.

Единствено обвинетиот Томислав Лазаров пред судот рече дека чувствува вина и дека се кае за стореното, по што беше осуден на условна казна.

Меѓу обвинетите во овој случај се и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, пратеничката Даниела Рангелова и уште осум лица.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…