Home Спорт Барса го краде „бисерот“ на Манчестер Јунајтед

Барса го краде „бисерот“ на Манчестер Јунајтед

Младинската школа на Барселона „Ла Масија“ е позната како голем расадник на таленти, а голем дел од нив завршуваат во други клубови пред да дебитираат за Барселона.

Не ретко сме биле сведоци како европските гиганти ги „крадат“ младите таленти на Барселона, но сега Каталонците би можеле да го возвратат ударот.

Имено, Барселона започна преговори со таткото на Анхел Гомеш, рекордерот на Манчестер Јунајтед и најмлад дебитант во историјата на клубот од „Олд Трафорд“. Минатиот мај овој фудбалер против Кристал Палас сруши рекорд на клубот од 1953 година.

Гомеш важи за еден од најголемите таленти во Европа и со Англија го освои Светското првенство за играчи до 17 години.

Доколку не добие шанса наредното лето би можел да го напушти Манчестер Јунајтед и тоа без обештетување. Неговиот агент потврди дека сите големи европски клубови го сакаат, но најконкрена е Барселона.

Ќе успеат ли Каталонците да го украдат најголемиот „бисер“ на Манчестер Јунајтед, останува да видиме.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…