Гвардиола: Не сакам да слушнам споредби со Барса и Баерн!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола истакна дека е задоволен од напредокот на својот тим во последните два месеци, но не сака да го споредуваат со неговите поранешни тимови.

Гвардиола освои 14 трофеи за четири сезони со Барселона и седум за три години со баварскиот гигант, но со „граѓаните“ се уште нема подигнато ниту еден трофеј.

Меѓутоа, неговиот Сити оваа сезона игра фантастично и со победата над Арсенал ја зголеми предноста на табелата, а притоа веќе обезбеди пласман во нокаут фазата од ЛШ.

„Не можам да негирам дека последните два месеци беа одлични, победивме на сите натпревари на кои игравме, а тоа е исклучително тешко. Поради тоа сум презадоволен. Меѓутоа, во минатото Барселона и Баерн освојуваа трофеи, а ние не“.

„Се додека не освоиме некој трофеј, не сакам да не споредуваат со никого. Меѓутоа, според начинот на кој играме не можеме да негираме дека играме добро. Постигнуваме многу голови, притоа создаваме огромен број на шанси“, истакна Гвардиола.