Home Шоубизнис Канадска порно актерка уапсена со 30 килограми кокаин

Канадска порно актерка уапсена со 30 килограми кокаин

29-годишната порно актерка Исабел Лагаче осудена е на четири и пол години во затвор откако на еден крузер беше фатена со 30 килограми кокаин. Сакала да се ослободи од долгот од 20.000 долари, пишува „Дејли Мејл“.

Крузерот кој имал рута од Англија преку Колумбија и Чиле до Австралија дошол во август 2016 година. Полицијата во рација пронашла актовка со 30 килограми кокаин чија ведност подоцна била утврдена на 21,5 милиони долари.

Канадската порно актерка подоцна се си призна, но се бранеше дека од непозната личност и бил поставен ултиматум поради некогашен долг. Рекла дека и претеле и дека долгот ќе и се простел само доколку торбата ја предадела на друг патник од крузерот.

„Го посрамотив моето семејство, своите пријатели, самата себе. Ме боли тоа што најубавите години ќе ги поминам во затвор“, изјави Исабел.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …