Home Актуелно Рауфи за „Диво насеље“: УБК ја донесла групата од Косово во Македонија

Рауфи за „Диво насеље“: УБК ја донесла групата од Косово во Македонија

Насер Рауфи кој е еден од адвокатите на обвинетите во случајот „Диво насеље“ вели дека групата од Косово била донесена од страна на УБК.

„Групата била изманипулирана и донесена токму во Куманово за да биде ликвидирана“ тврди адвокатот кој синоќа беше гостин во емисијата „Ноќно студио“ на ТВ Телма.

Рауфи смета дека луѓето кои биле донесени немале намера да бидат дел од вооружен инцидент.

Според адвокатот факт е дека биле присутни, но не се докажа кој пукал и според него, самите вештачења се дубиозни.

Пратеничката Фросина Ременски, во својство на експерт од областа констатираше дека самиот судски процес наметнал прашања кои отвараат други прашања, а се уште немаат одговор.

Според неа, не може да се очекува институционално меѓународна истрага, но може да се консултираат експерти од регионот кои ќе направат експертиза на сознанијата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…