Home Шоубизнис Црква на крајот од светот: Импресивно е со што се занимаваат свештениците таму

Црква на крајот од светот: Импресивно е со што се занимаваат свештениците таму

Црквата „Света Троица“ е мала руска православна црква која се наоѓа на Антарктикот и поради својата оддалеченост и необична локација привлекува внимание кај сите верници ширум светот, па и кај оние кои не се толку посветени на религијата.

Таа е најјужната православна црква на светот и се наоѓа на островот Крал Џорџ.

Идејата за изградба на прва црква или манастир на Антарктикот се појавила во 1990 година, а проектот заживеал подоцна, кога бил одобрен од страна на рускиот патријарх Алексиј II. После тоа започнале со собирање на донации ширум Русија.

Црквата е изградена од сибирски бор, во традиционален руски стил и со висина од околу 15 метри. Градбата е лоцирана на извишувањето над истражувачката станица Белиншосен и може да собере во себе околу 30 верници.

Црквата е осветена на 15 февруари, 2004 година, од страна на епископи и игумени кои специјално за оваа прилика го посетија Антарктикот во придружба на други свештеници и верници.

Свештениците кои волонтираат во оваа црква таму се веќе неколку години, сместени на ова изолирано место. Интересно е што свештените лица воедно се и истражувачи кои ја одржуваат и работат во истражувачката станица.

Нивна основна задача е да се молат за душите на 64-те руски истражувачи кои загинаа во експедиција на Антарктикот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Персонализиран вински клуб што го олеснува изборот на вино

Ако вашата идеја за опуштена вечер вклучува добра чаша вино, но вашето познавање на вински…