Home Спорт Американците „луди“ по Теодосиќ: Мислам дека се заљубив во него!

Американците „луди“ по Теодосиќ: Мислам дека се заљубив во него!

Милош Теодосиќ долго време беше желба на НБА клубовите, а кога конечно стигна во најсилната лига на светот ги излуди фановите.

Во дресот на Клиперси српскиот плејмејкер го прави тоа што најдобро го знае – дели неверојатни асистенции. Синоќа во победата против Сакраменто додели 6 магички асистенции за 23 минути игра.

„Мислам дека се заљубив во Милош Теодосиќ“, напиша Адам Жосеф, НБА новинар.

„Неговата способност да ја раздрма одбраната без влегување во рекетот е единствена. Може да ја испрати топката на спротивната страна како никој друг“, пишува Адам додека порталот „NBA Draft“ за Теодосиќ вели дека е волшебник со топката.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…