Home Спорт Одбојкарите против Унгарија, Украина и Швајцарија ќе бркаат пласман на ЕП

Одбојкарите против Унгарија, Украина и Швајцарија ќе бркаат пласман на ЕП

Македонската одбојкарска репрезентација денес ги доби противниците за Европското првенство 2019 година кое ќе се одржи во четири земји Франција, Словенија, Белгија и Холандија.

Ждрепката за квалификациите се одржа денеска во Луксембург, а Македонија се најде во групата Ф, заедно со репрезентациите на Унгарија, Украина и Швајцарија.

Од ова Европско првенство бројката на учесници се зголемува од 16 на 24, а со тоа се зголемуваат и шансите за настап на македонската репрезентација.

Во квалификациите има седум групи од кои на Европското првенство ќе одат сите првопласирани и најдобрите пет второпласирани репрезентации.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…