Home Спорт Избегната трагедија: Навивач со нож стигнал до Иско! (фото)

Избегната трагедија: Навивач со нож стигнал до Иско! (фото)

Шест навивачи по мечот Израел – Шпанија биле уапсени поради влегување на теренот, а обелоденето е дека еден од нив имал нож во рака и стигнал до ѕвездата на Реал Мадрид, Иско.

Според зборовите на еден од членовите на обезбедувањето, лицето со нож в рака тргнал накај Иско, но при трчањето истиот му паднал, а во меѓувреме реагирала полицијата и го уапсила.

„Тој се одвои од групата и притрча кон Иско. Кога му се приближи ножот му падна од рацете и беше запрен од полицијата пред да стигне до шпанскиот фудбалер“, објавија израелските медиуми.

Од шпанската фудбалска федерација изјавија дека нивните фудбалери во ниту еден момент не беа во опасност по крајот на мечот во Ерусалим.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…