Home Спорт Европа на нозе: Меси сепак заминува од Барса – сумата е монструозна!

Европа на нозе: Меси сепак заминува од Барса – сумата е монструозна!

Лионел Меси во јануарскиот преоден рок би можел да ја напушти Барселона! Ова е веста која утрово ја објавија шпанските и англиските медиуми и која како „бомба“ одекна во целиот свет.

Шпанскиот весник „АС“ тврди дека Манчестер Сити е спремен да понуди неверојатни 400 милиони евра за да добие потписот на Лионел Меси.

Тешко е да се процени дали оваа вест има реална основа или станува збор за шпекулација, но ја пренесоа сите најугледни медиуми во Европа. Дополнителен сомнеж остава фактот што Меси и понатаму официјално го нема продолжено договорот со каталонскиот клуб, иако од Барса тврдат дека „се е договорено и се чека само погоден момент“.

Меси е во исклучителна форма од почетокот на сезоната и практично сам ја „држи“ Барселона. Познато е дека Пеп Гвардиола сака повторно да соработува со Аргнетинецот и наводно е во постојан контакт со него.

Неверојано звучи тврдењето на медиумите дека двајцата повторно можат да работат заедно во Манчестер Сити и тоа уште во јануари.

Останува да видиме каков ќе биде расплетот, но каде што има чад има и оган…

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…