Home Спорт Прв пат во историјата Македонец се бори за европски шампионат!

Прв пат во историјата Македонец се бори за европски шампионат!

Игор Стефановски – Иџе, викендов ја вози последната трка во Чешка, на патеката Мост, со која ќе се заокружи ФИА ЕТЦЦ шампионатот за оваа година. Автомобилскиот ас има огромни шанси за победа и освојување на шампионатот.

„Убеден сум во освојувањето на титулата. Ветувам дека заедно со мојот тим уште еднаш ќе дадеме сè од себе. Патеката Мост е непозната за мене, но, досега веќе докажав дека можам да ги совладам и непознатите патеки. Сите мисли ми се фокусирани на мојот последен настап. Во Чешка одам на победа“, изјави Иџе.

Иџе претходно оствари фантастичен успех , откако со победата на втората трка во Белгија, ги задржа шансите за триумф во генералниот пласман. „Летечкиот Македонец“ моментно се наоѓа на четвртата позиција со 55 бода, зад Петр Фулин со 63, Шрајбер со 57 и Наѓ со 56 бода.

Трките во Чешка се закажани за 8ми октомври. Преносот на трките директно ќе може да го следите на националниот сервис МРТ 1. Првата трка ќе се вози во 10:50, а втората во 12:30.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…