Home Спорт На повидок голема трампа меѓу Арсенал и ПСЖ

На повидок голема трампа меѓу Арсенал и ПСЖ

Англиските медиуми пренесуваат дека Арсенал и ПСЖ спремаат голема трампа која може да се случи во зимскиот преоден рок.

Станува збор за размена помеѓу Дрекслер и Санчез, двајцата не се задоволни во актуелните клубови и би можеле да ја променат средината во јануари.

ПСЖ е заинтересиран за Санчез и сака да го донесе на крајот на сезоната како слободен агент, но „Дејли Стар“ пишува дека „светците“ не сакаат да чекаат и имаат намера да го завршат трансферот уште во јануари.

Поради тоа се спрмни да му го понудат на Арсенал, Јулијан Дрекслер кој нема гокема минутажа во Париз, па и самиот е спремен да ја промени средината.

„Топџиите“ најверојатно ќе ја прифатат понудата бидејќи Санчез на крајот на годината може да замине без обештетување.

Притоа, Санчез ќе може да настапува во Лигата на шампиони со ПСЖ, додека Дрекслер ќе може да игра во Лига Европа со Арсенал.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…