Home Шоубизнис Славниот Пике им порача на Каталонците: Во недела гласаме на референдумот!

Славниот Пике им порача на Каталонците: Во недела гласаме на референдумот!

Жерард Пике им порача на своите Каталонци да излезат на гласачките места в недела, и покрај тоа што шпанската влада го прогласи референдумот за нелегален.

Еден од најдобрите играчи на Барселона смета дека референдумот треба да се одржи, иако владата најави дека ќе ги преземе сите мерки да го спречи, а првиот чекор беше приведувањето на неколкумина локални политичари минатата недела.

„Од денеска, па до недела, треба мирно да се однесуваме. Не им давајте никаков повод, тие го сакаат тоа. И пејте гласно ‘Ние ќе гласаме‘“, напиша Пике на Твитер.

Пике е еден од најгордите Каталонци меѓу шпанските спортисти, поради што често беше навредуван од навивачите за време на натпреварите на репрезентацијата.

Претходно, и фудбалскиот клуб Барселона ги осуди постапките на централната власт, сметајќи дека тие се директен удар врз демократијата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…